Клоп до новинарите: Ме наместивте со Салах, ама ако…

by
1 минути читање

Минатата недела новинарите го прашаа Јирген Клоп до каде се преговорите за новиот договор на Мохамед Салах, а тренерот на Ливерпул порача дека тие сториле се што можеле и на потег сега е играчот.

Кратко потоа се огласи и агентот на Мохамед Салах, кој на социјалните мрежи постираше неколку емоџи со смеење. Па Германецот денеска беше прашан за реакцијата на Реми Абас Иса.

„Не сум на Твитер, уште една добра причина за тоа! Веројатно не требаше да говорам на таа тема, не кажав ништо контроверзно но вие ме намествите, ама ако…“ – вели Јирген Клоп.

„Беа креирани наслови иако немав таква намера. Последно нешто што сакам да правам е да креирам наслови. Но да, вие ми поставивте прашање, јас дадов долг одговор и се случија одредени работи“.

„Се е во ред, не знам ништо за реакции и слични работи. Не сум загрижен. Работите се такви какви што треба да бидат. Двете страни се во контакт“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×