Ериксен за прв пат во составот на Данска по срцевиот удар на ЕВРО 2020

by
1 минути читање

Кристијан Ериксен
повторно ќе го облече дресот на Данска, фудбалерот доби повик за пријателските
натпревари против Холандија и Србија.

Ова ќе биде негов
прв настап по срцевиот удар на ЕВРО 2020, кога колабираше на теренот на мечот
против Финска во Копенхаген.

Неколку дена
подоцна тој беше опериран, му беше поставен Имплантабилен дефибрилатор на
кардиовертер, уред кој го следи и регулира ритамот на срцето.

И покрај непријатната
епизода, Кристијан Ериксен одби да стави крај на кариерата, го раскина
договорот со Интер и во јануари потпиша за Брентфорд.

Кам-бекот на
терените го имаше минатиот месец, кога одигра речиси 40 минути против Њукасл,
за потоа да биде стартер и да одигра цел натпревар против Норич. Изминатиов
викенд Кристијан Ериксан доби нови 90 минути против Барнли.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×