Фудбалската
репрезентација на Русија за следната недела закажа тренинг камп и покрај тоа
што е суспендирана од ФИФА, „зборнајата“ сака да биде подготвена доколку судот
за Спортска арбитража им ја прифати жалбата и треба да настапат во баражот за
мундијалот во Катар.
Селекторот Валери
Карпин денеска го објави списокот и на него не се најде капитенот Артем Ѕјуба.
Напаѓачот побарал да не биде дел од репрезентацијата поради војната во Украина
и семејни причини.
„Во неделата
разговарав со Артем, ни кажа дека навистина сака да биде дел од националниот
тим, но во моментов, поради тешката ситуација во Украина, каде има многу
роднини, се извини и побара, поради семејни причини, да не биде дел од тренинг
кампот“ – изјави Карпин.
„Се договоривме
дека ќе останеме во комуникација и ќе ги следиме неговите игри“.
Артем Ѕјуба
претходно беше „мета“ на неколку украински фудбалери, кои го повикаа јавно да
каже што мисли за воената интервенција на Русија во Украина.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.