Реал Мадрид скапо ја плати победата над Мајорка, тројца фудбалери се повредија пред класикото со Барселона

by
1 минути читање

Во викендот што доаѓа се игра големото Ел Класико во Примера, а пред него Анчелоти се соочува со проблеми поради повреди.

Прв поради повреда излезе Родриго откако доби удар, потоа и Менди кој исто така заработи повреда, а на крајот се повреди и Бензема.

Допрва ќе се знае тежината на овие повреди и дали Анчелоти ќе остане без некој од овие тројца.

Пред натпреварот со Мајорка, Анчелоти не можеше да смета ниту на Милитао поради вирус.

Реал Мадрид нема реална закана во Ла Лига, има предност од дури 10 бодови пред Севиља, но дуелите против Барселона секогаш се повеќе од обичен натпревар.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×