Гвардиола објасни зошто не направи измени и покрај тоа што Сити се мачеше да му даде гол на Палас

by
1 минути читање

„Граѓаните“
вечерва испуштија два бода во трката за титулата, одиграа само 0-0 на
гостувањето кај Кристал Палас. Пеп Гвардиола изненади со одлуката да не направи
ниту една измина и покрај тоа што неговите избраници се мачеа пред
противничкиот гол.

„Размислував
доста за правење измена, но момците играа навистина добро, сите способни да
дадат гол. Се играше со висок ритам па денеска одлучив мечот да го завршам со тимот
со кој почнавме“
– објаснуваше Пеп Гвардиола по крајот на натпреварот.

„Има уште многу
до крајот, знам дека треба да победуваме, но немам многу замерки за вечерашниот
натпревар. Секако, подобро ќе беше доколку освоевме три бода, но одигравме
навистина добро“.

„Игравме за да
победиме, краиравме повеќе, статистиката доволно говори. Како одигравме, на тежок
стадион па уште и лоша трева… “

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×