Фабињо раскажува како потпишал за Реал: Мурињо и Мендеш дојдоа, а јас бев во пижами…

by
1 минути читање

Фабињо својата авантура во Европа ја започна во Рио Аве, но таму не се задржа многу, неколку недели подоцна се пресели на позајмица во Реал Мадрид, односно во вториот тим на „кралевите“.

„Кога пристигнав во Португалија, во Рио Аве се задржав само две недели, можеби три најмногу“ – вели фудбалерот од средниот ред.

„Бев на скара со други Бразилци кога ми се јави мојот агент и ми кажа дека Реал Мадрид Кастиља (вториот тим на Реал Мадрид) сакаат да ангажираат десен бек и ме праша дали сум заинтересиран“.

„Потоа, една вечер ми се јави Лусио (брат на поранешниот фудбалер на Барселона и Челси, Деко) дојде и ми кажа да спакувам куфер бидејќи Жорж Мендеш рано наутро доаѓа со автомобил“.

„Мендеш потоа ми кажа дека патуваме во Мадрид и дека ќе потпишам за Реал. Веднаш и се јавив на мајка ми во Бразил да и ги соопштам убавите вести и таа почна да плаче“.

„Никој не очекуваше дека ќе ми се случат големи работи во краток период. Тоа беше специјален момент за мене“.

Бразилецот потоа додава: „Во хотелот, додека спиев, ме разбуди тропање на вратата. Погледнав, пред вратата стоеа Жозе Мурињо и Жорж Мендеш“.

„Јас бев во пижами, не бев подготвен за средба со нив. Не знаев ни што да им кажам“.

Фабињо никогаш не доби вистинска шанса во Реал Мадрид, па потоа направи трансфер во Монако, каде покажа што умее и го привлече вниманието на многу клубови. На крајот се реши за преселба во Ливерпул каде стана клучен играч во средниот ред на „црвените“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК

Можно е и ова да ти се допаѓа

×