Салах е подготвен да игра и за друг клуб во Премиерлигата

by
1 минути читање

„Фудбал Инсајдер“ тврди дека Салах се гледа себеси во Премиерлигата и во наредните години, без разлика дали ќе потпише нов договор со Ливерпул или не.

Салах и Ливерпул се уште не можат да се договорат за продолжување на договорот кој му истекува во јуни 2023, но преговорите се уште траат.

Сигурно ќе има уште неколку обиди двете страни да најдат заеднички јазик, но доколку тоа не се случи Салах би можел да заигра за некој од ривалите на Ливерпул во Англија.

Тој веќе настапуваше за Челси, но сега ситуацијата е друга. Во Ливерпул остави сериозен печат, ги освои титулите во Лигата на шампионите и Премиерлигата, па тешко е да се замисли египетскиот фудбалер во дрес на Манчестер Сити, Јунајтед, Челси или Арсенал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×