Торино во последните моменти од мечот испушти победа против Интер, можеби се ќе беше поинаку за нив доколку имаа шанса од пенал да поведат со 2-0.
Ранокија го удри Белоти во шеснаесетникот, но судијата не ни погледна на мониторот дали имаше пенал. А кога ќе се погледне видеото, нема дилеми.
„Сакам да подвлечам дека ние секогаш сме имале голема почит за судиите и оние кои треба да ги носат овие одлуки“, вели директорот на Торино, Давиде Вањати.
„Но денеска имаше објективна грешка. Не беше субјективна. Факт е дека имаше две чисти грешки бидејќи судијата не досуди пенал веднаш, но потоа ВАР не му сугерираше дека треба да ја види снимката“.
„Искрено, не можам да го разберам тоа. Отидов на полувреме кај судијата и му реков дека тоа беше пенал, но тој ми одговори дека ВАР не му рекле дека треба да го види инцидентот, а тоа значело дека донел вистинска одлука“.
„Давиде Маса е интернационален судијата, но едноставно е невозможно да не види дека тоа беше фаул. Можете да зборите за исклучителниот перформанс на Торино и посветеноста на Интер, но кога веќе имаше пенал, требаше да ни биде даден“.
„Искрено, ова е неприфатливо, особено што така веројатно ќе го добиевме мечот, а на крајот жалиме што не ги освоивме трите бода“.
Поранешниот судија Лука Марели во студиото на „ДАЗН“ призна дека тоа дефинитивно беше грешка, и рече дека ниту може да го оправда, ниту да го објасни зошто ВАР не сугерираше судијата да ја види снимката.