Интер веќе не одлучува сам за титулата, таквата позиција му ја препушти на Милан кој треба да киксне некаде за нероазурите да ги поминат.
„Торино беа поагресивни во првото полувреме, но Бериша исто така имаше две одлични интервенции. Заслуживме порано да израмниме и ако го направевме тоа тогаш можеби ќе победевме“, вели Инзаги.
„Знаеме дека за повторно да го освоиме Скудетото треба да направиме повеќе во ваквите натпревари, дури и да имаме некои оправдувања“.
„Загубивме многу енергија и фудбалери во клучните моменти во сезоната, но тоа не смее да биде алиби. Секако дека можеме подобро“.
„Сега имаме десет финалиња пред нас, плус меч од Купот на Италија, мора да ја вратиме енергијата и да бидеме што е можно подобри“.
„Веќе не сме во Европа, имаме време повеќе да тренираме и анализираме. Нешто што некои наши конкуренти го имаа и порано“.
Инзаги беше прашан, но одби да го каже своето мислење за недосудениот пенал на Торино.
„Го видов стапалото и потоа топката, судијата беше таму, можеше да процени. Ние веќе плативме цена за протестирање на судиски одлуки и јас бев суспендиран, па го оставам тоа на другите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.