Лукаку не можеше да одолее на понудата на Челси, па по освоеното Скудето му го сврте грбот на Интер и замина на Стемфорд Бриџ.
Но работите за него во Премиерлигата не се одвиваат како што замислуваше, Лукаку игра во лоша форма, напаѓачот не е среќен во Челси, а капак на се е последната ситуација во која се најде лондонскиот клуб.
Лукаку и другите фудбалерите на Челси се консултираат со адвокати за да знаат што понатаму иако се верува дека за некое време треба да биде продаден лондонскиот клуб и ситуацијата да се врати во нормала.
Наводно, Лукаку е подготвен да ја намали платата само за да се врати во Интер. Тој веќе почнал да се шегува со своите поранешни соиграчи за негово можно враќање таму. Многу од нив добиле пораки од Белгиецот.
Но неговото враќање во Интер ќе биде комплексно. Челси за да го добие Лукаку плати 115 милиони евра, па нема да се откажат лесно од него. Нероазурите сигурно нема да платат огромна сума за да го вратат, па би можело евентуално да се најде некој модул за позајмица со опција за откуп.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.