273
Избраниците на
Пиоли ги ставија Интер и Наполи под додатен притисок откако вечерва стигнаа до
минимална победа над Емполи и отворија пет бода предност на врвот на табелата.
Клучниот момент
на мечот се случи во 19. минута, Калулу покажа дека не треба сила туку може и со мозок, начека
една топка на врвот од шеснаесетникот и итро пласираше за 1-0.
Гостите се обидоа
да му ги замрсат плановите на фаворитот, имаа добри прилики во второто
полувреме но Мајк Мењан со одлични интервенции не дозволи да биде совладан.