Французинот во
2019 го напушти Реал Мадрид и се пресели во Милан, каде под водство на Стефано
Пиоло се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Серија А и Европа.
„Главен виновник
за мојот трансфер во Милан е Паоло Малдини“ – открива Тео Ернандез. „Бев многу
блиску до потпис со Баер Леверкузен, но тој успеа да ме убеди да се преселам на
Сан Сиро. Дојде да ме види кога бев на одмор на Ибица, зборувавме за фудбал и
веднаш почувствував дека Милан е право место за мене. Ми кажа многу убави
работи за мојата игра и мојот прогрес“.
Тео Ернандез
потоа го посочи тренерот Стефано Пиоли како најзаслужен за неговиот блесок.
„Веднаш ми кажа дека
треба да играм онака како што знам. Ме ослободи. Ја разбра мојата природа,
кои се моите силни страни, не ме
лимитираше . Имам ДНК на напаѓач во тело на дефанзивец. Во Милан се подобрив во
дефанзива, коцките се поклопија со Пиоли. Дури и во националниот тим, Дешам ми
вели да притискам напред но и да не заборавам дека треба да се вратам назад и да бранам“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.