Стивен Џерард, Филипе Кутињо и Луис Суарез беа главни играчи на Ливерпул во еден период, ова друштво би можело да биде заедно во Астон Вила од следната сезона.
За да му ја оствари желбата на Џерард, раководството на клубот ќе има две сериозни мисии во летниот преоден рок. Првата е да го откупи договорот на Кутињо за што ќе треба да плати 40 милиони евра, но и да го убеди Бразилецот да игра за помала плата од таа што ја добива од Барса.
Втората мисија е да го убеди Луис Суарез да потпише за Астон Вила. Клучна улога во тие преговори ќе има самиот Стивен Џерард кој ќе му се јави на Уругваецот и ќе му ги каже своите идеи.
Суарез е слободен играч од следната сезона, па повеќе понуди пристигнуваат на негова адреса, но враќање во Премиерлигата е една од поатрактивните.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.