Конте: Мојата амбиција не е да се борам за топ четири, сакам да освојам трофеј со Тотнем

by
1 минути читање

Тотнем не е навикнат да освојува трофеи, тоа многу ретко се случува во овој клуб, но Конте е вистински победник и каде и да работи цели на титули. Така и овојпат.

Тој има договор до крајот на следната сезона и сака да го испочитува.

„Во овој момент има само една вистина, јас сум верен на клубот уште една година. Клубот сакаше ваква ситуација и јас прифаќам, добро е да се запознаваме еден со друг“, вели Конте.

„По четири месеци мислам дека клубот го разбира начинот на кој јас сакам да рабодам а јас го разбирам клубот. Имаме уште три месеци до крајот на сезоната да продолжиме да напредуваме и да се запознаваме меѓусебно, да го најдеме најдоброто решение за двете страни“.

„Можам да ви кажам дека уживам работејќи во овој клуб и би сакал да се борам за нешто важно за овој клуб. Сакам да се борам за иднината, да бидеме конкурентни, да се бориме за титули и не само да завршиме во топ четири бидејќи ќе повторам, тоа не е мојата амбиција“.

„Мојата амбиција е да бидеме конкурентни и да се бориме за титула. Јас го сакам тоа и знам дека моето срце, мојата душа, мојот ум ги сака овие работи“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×