Донарума го прекина молкот по киксот на Бернабеу (ФОТО)

by
1 минути читање

ПСЖ на Сантијаго Бернабеу водеше со 1-0, но се се промени по еден кикс на Донарума по кој Реал Мадрид изедначи на 1-1. Тоа им даде крилја на домаќините кои дадоа уште два гола и победија со 3-1.

Многумина прстот го вперија во Донарума, а тој не кажа ништо по мечот се до денес кога се јави на социјалните мрежи.

„Елиминацијата од Лигата на шампионите беше удар. Изминатите два дена не беа лесни, но точно од овие моменти на тешкотија ние стануваме посилни. Сега, мора да мислиме на сегашноста, да ја освоиме Лига 1, да даваме се како и секогаш за овој дрес, за клубот и за нашите фанови. Ајде да почнеме повторно, заедно! Напред Париз“, напиша Донарума.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×