Ливерпул и Мо
Салах подолго време преговараат за продолжување на соработката но никако да
пристигне абер дека двете страни си подале рака за нов договор.
Новинарите денеска
го запрашаа Јирген Клоп до каде се преговорите, а Германецот порача дека
Ливерпул сторил се што може, и сега на потег е Египјанецот.
На ваквите
коментари веднаш реагираше агентот на Мо Салах, Рами Абас Иса кој на Твитер
објави неколку емоџи за смеење.
Се шпекулира дека
Мо Салах бара неделна плата од 500.000 фунти за да остане верен и Ливерпул не е
подготвен да му ја исполни оваа желба бидејќи драстично ќе се наруши скалата на
плати на Енфилд.
Фудбалерот
неодамна, без да каже дали има вистина во ваквите стории, само порача дека
неговите барања не се луди.
— Ramy Abbas Issa (@RamyCol) March 11, 2022