Алаба ја објасни урнебесната прослава со столчето против ПСЖ

by
1 минути читање

„Кралевите“ во
вторникот направија голем пресврт, стигнаа до триумф од 3-1 над ПСЖ и се
изборија за четвртфинале во Лигата на шампионите. По крајот на натпреварот, во
фокусот беше хет-трикот на Карим Бензема, асистенцијата на Лука Модриќ и
прославата на Давид Алаба.

Дефанзивецот
стана хит на социјалните мрежи откако зема столче во рака и почна да слави пред
навивачите на Реал Мадрид

„Од време на
време треба да се проба нова прослава и прославата со столчето е сосема во ред.
Не мислев премногу, едноставно им се препуштив на емоциите. Кога ќе се случи
таков спектакуларен камбек, можете да направите некоја лудост“
– вели Давид
Алаба со насмевка на лицето.

„Знаeвме дека
нашите навивачи и атмосферата на Бернабеу ќе бидат одлучувачки фактор.
Атмосферата беше специјална. Знам од претходно дека Бернабеу може да генерира
специјална моќ и токму тоа се случи против ПСЖ. Навивачите никогаш не не напуштија,
не даваа поддршка во текот на целиот натпревар и на крајот ги наградивме“.

„Тоа беше магична
ноќ“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×