Навивачите на Лидс: Вратете ни го Алиоски, тој е како Кафу за Фирпо! (ФОТО)

by
2 минути читање

Лидс не ги прифати барањата за нов договор на Алиоски кој сакаше неделна плата од 40.000 фунти, но го купи Фирпо од Барселона за 13 милиони евра и му даде неделна плата од 50.000 фунти.

Македонскиот фудбалер имаше двојно влијание врз тимот на Лидс, покрај тоа што го правеше на теренот, тој беше и главен мотиватор и задолжен за позитивна атмосфера во соблекувалната.

Лидс тоа веќе го нема, а Фирпо кој дојде на местото на Алиоски е во очајна форма. Фановите на тимот знаат каде е проблемот.

По синоќешниот пораз од Астон Вила, многумина од нив на социјалните мрежи побараа Алиоски да биде вратен.

„Нема шанси Фирпо да е подобар од Алиоски. Кога ќе помислиш дека Алиоски замина затоа што не му дадовме 40.000 фунти неделно, а Фирпо го потпишавме за плата од 50.000 фунти неделно за 13 милиони фунти. Одличен бизнис“, вели еден од фановите.

„Фирпо прави Алиоски да изгледа како Кафу во најдобра форма. Шокантно“, вели друг.

„Вратете го Алиоски, не можам да го гледам Фирпо веќе“, бара трет.

„Не му го дадовме на Алиоски четиригодишниот договор кој го сакаше, наместо тоа потрошивме 13 милиони фунти за Фирпо“, смета четврт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×