183
Кутињо се покажа како големо засилување за Астон Вила, и тој е среќен со враќањето во Премиерлигата, но не се знае дали ќе потпише перманентен договор кога ќе му заврши позајмицата.
Астон Вила за да го откупи треба да плати 40 милиони евра, но тоа не е главниот проблем, платата која ја добива Кутињо во Барселона е огромна, 480.000 евра неделно, тој треба драстично да ја намали за да остане во англискиот тим.
„Уживање е да се гледа Филипе Кутињо, го сакаме тука. Опцијата за купување за 40 милиони евра? Покомплицрано е отколку што луѓето мислат“, вели Џерард.
„Опцијата постори. Доколку парите беа мои, мислам дека го знаете одговорот“.