И оваа сезона прерано заврши сонот на ПСЖ за триумф во Лигата на шампиони, „светците“ синоќа беа елиминирани од Реал Мадрид и покрај тоа што беа на добар пат да обезбедат четвртфинале.
Новинарот Ромен Молина вели дека новото разочарување ќе донесе промени на „Паркот на принцовите“ и жртва на „чистката“ може да биде и Нејмар.
Тој вели дека сопствениците од Катар се разочарани од придонесот на Бразилецот, особено на големите натпревари, па сакаат да се ослободат од него.
Нејмар беше играчот со кој ПСЖ направи потрес на фудбалската сцена откако за неговите услуги платија рекордни 222 милиони евра. И покрај тоа што редовно има шпекулации за заминување на напаѓачот од Париз, двете страни минатото лето договорија нова соработка.