182
Серж Гнабри е последното име кое негодува од платата која Баерн Минхен му ја нуди за продолжување на соработката и размислува да замине од „Алианц Арена“.
Се шпекулира дека Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и „топчиите“ се подготвени да го вратат Германецот во Северен Лондон.
Aрсенал сепак ќе треба да одвои голема сума за да ја исправи грешката од пред шест години, медиумите пишуваат дека „топчиите“ ќе треба да платат околу 75 милиони евра за играчот кој во 2016 го продадоа за само 5 милиони евра на Вердер Бремен.