Како што е
познато, владата на Велика Британија санкционираше седум руски олигарси кои се
блиски до Владимир Путин, како одговор на воената интервенција на Русија во
Украина, а меѓу нив се најде и сопственикот на Челси, Роман Абрамович.
Клубот од Челси
ќе продолжи да функционира, но со големи ограничувања поради санкциите, нема да
може да купува нови фудбалери, ниту пак да обновува договори, а шефот на
стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази жалење за ситуацијата во
која се најдоа Томас Тухел и неговите избраници.
„Навистина немам
став по ова прашање, извинете, но ги видов насловите, не знам како се случи
сево ова, дајте ми неколку денови за да разберам што точно се случи…“ рече
предводникот на „Граѓаните“ кој немаше став по прашањето за санкциите за Челси,
но изрази жалење.
„Не знам што ќе
се случи во иднина, тоа е доста неповолна позиција за фудбалерите и за Томас
Тухел, жалам за нив бидејќи тоа е всушност нивната професија, нивната работа…“
додаде Гвардиола.