Актуелниот
договор на Пауло Дибала со Јувентус истекува на лето, по што тој би бил
слободен играч на трансфер пазарот, а иако денеска беше предвидена средба
помеѓу обете страни на таа тема, истата е одложена од страна на клубот.
Иднината на
Аргентинецот се чини дека е вон Торино, а неговиот клупски соиграч Џорџо
Кјелини му порача дека треба да биде фокусиран на терените, и покрај актуелната
ситуација околу неговиот договор.
„Јас сметам дека
најважното во моментов е тој да биде фокусиран на теренот. Лионел Меси и јас
освоивме со Италија и Аргентина и покрај тоа што бевме на крајот од договорите
летоска“ рече Кјелини.
„Овие ситуации се
мошне заеднички во модерниот фудбал, сепак, најважното во моментов е фокусот на
теренот“ додаде искусниот стопер.
Кјелини со
Италија го освои Европското првенство, а Меси со Аргентина ја освои Копа
Америка, во период кога нивните договори со Јувентус, односно Барселона
истекуваа.