Анчелоти: Ова беше спектакуларна ноќ

by
1 минути читање

Реал Мадрид со фантастичен пресврт и три гола на Бензема успеа да го победи ПСЖ со 3-1 и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Победивме на многу тежок натпревар, кој беше уште потежок откако Мбапе даде гол. Високиот притисок не чинеше првиот гол и тоа промени се. Отогаш фановите не бодреа и успеавме. Ова беше спектакуларна ноќ“, вели Анчелоти.

„Почнавме добро, со вистинска енергија, но како одминуваа минутите ни беше потешко да притискаме бидејќи тие имаат многу квалитет. Нормално е да страдате во ваков натпревар, против некои како Мбапе. Тоа беше нормално“.

„Со 1-1 атмосферата на стадионот комплетно се промени. Последниот половина час беше спектакуларно. Денеска не можам да издвојам ниту еден подинец, туку Реал Мадрид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×