189
Реал Мадрид мора да победи за да оди во четвртфинале откако ПСЖ го доби дуелот во Париз со 1-0 со погодок на Килијан Мбапе.
Познати се официјалните состави на двете екипи.
Во составот на Реал Мадрид на голот е стандардно Куртоа, пред него се Милитао и Алаба, на бековските позиции ќе играат Карвахал и Начо. Во средината на теренот се Крос, Валверде и Модриќ. Крилно по страните ќе напаѓаат Асенсио и Винисиус, а најистурен ќе биде Бензема.
На голот на ПСЖ е Донарума, пред него се Кимпембе и Маркињос, бекови се Хакими и Нуно Мендеш. Во средината се Верати, Данило и Паредес, а напаѓачкото трио го сочинуваат Нејмар, Меси и Мбапе.
