Салах: Две стативи? Не е важно, важно е дека одиме понатаму

by
1 минути читање

Ливерпул со 1-0 го загуби мечот од Интер на Енфилд, но благодарение на триумфот од 2-0 во Милано оди понатаму.

Салах синоќе беше многу блиску до погодок, имаше две стативи, но вели дека тоа не е важно.

„Две стативи? Не е важно, најважно што поминавме. Следниот пат можеби ќе бидат три гола. Но тоа е неважно додека победуваме. Можеби влеговме со преголема самодоверба. Ова е добар натпревар за извлекување на некои поуки. Имавме две стативи и пречка, но се случува во фудбалот. Најважно е дека поминавме и останавме во игра за трофејот од Лигата на шампионите“, вели Салах.

За Ливерпул ова беше прв пораз во Лигата на шампионите оваа сезона и прв меч без даден гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×