Само една минута откако Лаутаро го постигна голот, Алексис Санчез доби втор жолт картон и го остави Интер мечот да го доигра со 10 фудбалери.
На Лаутаро му е јасно дека за Интер поголеми ќе беа шансите ако тој последен половина час по дадениот гол се играше 11 на 11.
„Го направивме тоа што сакавме да го направиме, покажавме карактер, желба за одење понатаму и дојдовме до водство на овој тежок терен, штета што останавме со 10 играчи бидејќи овие работи можат да ја направат разликата“, вели Лаутаро.
„Треба веднаш да ја свртиме страницата и да се обидеме да гледаме напред. Испаднавме од Лигата на шампионите но ги имаме Серија А и Купот на Италија и мора да го дадеме најдоброто“.
Лаутаро немаше постигнато гол на десет меча по ред, во минатото коло од Серија А даде хет-трик против Салернитана, а сега погоди и против Ливерпул.
„Важно ми е да им се вратам на погодоците. Сакам да го давам најдоброто за клубот и моите соиграчи кои ми даваат голема поддршка“.
„Докажавме дека сме добар тим и треба да унапредиме само некои детали. Тешко е да се игра на ова ниво кога сте со 10 играчи“.