Интер победи, Ливерпул се радува (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул победи во Милано со 2-0, па Интер вечерва имаше исклучително тешка мисија да го совлада англискиот тим со резултат кој ќе го однесе меѓу осумте најдобри.

Интер на крајот дојде до победа, но таа беше пирова, недоволна за да се продолжи патот во Лигата на шампионите.

Единствениот гол го постигна Лаутаро Мартинез кој постигна прекрасен погодок во 62. минута и за водство на Интер од 1-0.

Лаутаро ги зголеми шансите, но Алексис Санчез ги намали веќе во следната минута откако доби втор жолт картон и го остави Интер да го одигра последниот половина час со играч помалку.

Ливерпул пропушти голема шанса за израмнување, Салах ја погоди стативата од голот на Хандановиќ.

До крајот на мечот Интер не успеа да дојде до нов погодок, па утеха може да им биде само начинот на кој беа елиминирани, со победа против Ливерпул на жешкиот Енфилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани