ПСЖ е критикуван во Франција затоа што дозволи да излезе видео од повредата на Мбапе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На вчерашниот утрински тренинг Мбапе заработи повреда по еден старт на Геј со отворен ѓон, напаѓачот е неизвесен за настап против Реал Мадрид. Тој е во составот кој денеска го објави клубот, но уште е нејасно дали ќе игра и во каква состојба ќе биде ако настапи.

Во Франција го критикуваат ПСЖ затоа што во јавноста се појави видео од стартот на Геј врз Мбапе.

Откако се дозна дека Геј е фудбалерот кој го повреди Мбапе, веднаш почнаа смрттни закани и навреди за него и неговата фамилија.

Но видеото исто така му дава дополнителна надеж и самодоверба на Реал Мадрид. Тие видоа каде и каква е повредата на Мбапе и тоа може да го гледаат како негова слаба точка, како информација која ќе им помогне за тоа каков пристап да имаат во дуелите со Французинот.

Мбапе беше најдобриот фудбалер на првиот дуел, тој ја направи разликата на теренот и ја донесе победата од 1-0. Се претпоставува дека тој би бил стартер и во случај да не биде 100 проценти подготвен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×