201
По воената
интервенција на Русија во Украина и силниот притисок од јавноста во Британија,
Роман Абрамович реши да го продаде Челси и профитот од зделката да го донира за
жртвите од војната во Украина.
Се шпекулира дека
десетина страни пројавиле интерес, но покрај тоа што ќе треба да одвојат околу
3 милијарди фунти за купување на Челси, ќе треба да задоволат и два услови на
Роман Абрамович.
Како што
пренесува Мирор, милијардерот од Русија бара гаранции дека новиот сопственик ќе
продолжи да инвестира во составот и ќе вложи пари во реконструкција на Стемфорд
Бриџ.