Излезе видео од стартот на Геј над Мбапе поради кој напаѓачот може да го пропушти дуелот со Реал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мбапе заедно со Верати беа убедливо најдобрите играчи на ПСЖ во првиот меч против Реал Мадрид. Французинот ја направи разликата.

Но неговиот настап во среда е неизвесен откако заработи повреда на последниот тренинг на ПСЖ.

Идриз Геј беше крајно невнимателен и стартуваше со отворен ѓон врз својот играч. Мбапе почна да се витка од болка и го напушти тренингот. 

ПСЖ соопшти дека првите тестови се ветувачки, но дали ќе може Мбапе да игра против Реал Мадрид ќе се знае утре.

Во меѓувреме Геј добива дури и смртни закани од некои навивачи на ПСЖ.

Погледнете го стартот:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×