На Островот
пишуваат дека 24 годишниот Маркус Рашфорд има одредени дилеми во поглед на
прашањето што со неговата иднина, а неговиот актуелен договор со Манчестер
јунајтед истекува идната година, со тоа што клубот има опција и за дополнителни
12 месеци соработка.
„Дејли Мејл“
тврди дека крилниот напаѓач се уште нема донесено одлука во однос на неговата
иднина, со тоа што извори блиски до самиот фудбалер наводно тврдат дека засега
тој е фокусиран само на развивање на сопствената форма.
Се верува дека
Рашфорд не е задоволен од статусот во тимот на „Црвените ѓаволи“, особено
поради тоа што не е регуларен стартер под кормилото на Ралф Рангник, а нема
почнато од првата минута на меч во Премиерлигата од 12 февруари.