Чави добива засилување од Челси, фудбалерот дал зелено светло за трансфер во Барселона

by
1 минути читање

Според
известувањата на „Спорт“, данскиот интернационалец од редовите на Челси,
Андреас Кристенсен ќе го потврди трансферот во Барселона оваа седмица, а
договорот на стоперот со Премиерлигашот истекува на лето, што значи дека на „Камп
Ноу“ ќе се пресели како слободен играч на трансфер пазарот.

Истовремено,
Фабрицио Романо пишувајќи на оваа тема додава дека Кристенсен не сака да остане
во Премиерлигата, односно во друг клуб од тоа првенство, од почит кон Челси, а
понудата на Каталонците наводно била подобра во однос на таа од Баерн Минхен.

Очекувањата се 25
годишниот дански дефанзивец да стави потпис на пет годишен договор со
Барселона, со годишна плата од 6 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×