Манчестер јунајтед претрпе тежок пораз на гостувањето кај градскиот ривал Манчестер Сити од 4-1, Роналдо не беше во составот.
Рангник пред мечот рече дека Роналдо поради повреда ќе го нема, но другата верзија која кружи во јавноста е дека Португалецот требало да почне од клупата, не му се допаднало тоа и одбил да биде во составот.
Сестрата на Роналдо, Катиа Авеиро стави лајк на еден пост со таква содржина, а тоа дава тежина на тезата дека навистина е така.
„Кристијано Роналдо не е повреден и не е болен. Тој е 100 проценти подготвен. Добро утро на вас кои како мене сте тажни и бесни бидејќи Рангник одлучи да ни ја уништи неделата со тоа што поради тактички причини реши да го тргне ЦР7 од класиката против Манчестер Сити, за да се брани на натпреварот“, стои во постот од некои фан профил на Роналдо.
Дали има вистина во ова и дали односите на Рнагник и Роналдо не се добро, ќе се види во наредниот период.
