Манчестер Сити пресилен за Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ испаднаа од топ четири (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дербито на
Манчестер заврши со славје на Сити, избраниците на Пеп Гвардиола попладнево беа
пресилни за локалниот ривал и славеа со 4-1.

Резултатот го
отвори Де Брајне по само пет минути игра. Гостите се вратија во 22. минута,
Санчо погоди од врвот на шеснаесетникот за 1-1.

Сепак, Де Брајне
во 28. минута искористи една неспретна интервенција на одбраната на Манчестер
јунајтед и по втор пат го матираше Де Хеа.

Во продолжението
од мечот, Манчестер Сити доминираше, целосно го надигра противникот, Марез
најпрво зголеми на 3-1 во 68. минута, за во завршницата да ги постави конечните
4-1.

За тоа колку
„ѓаволите“ беа во подредена улога во второто полувреме говори податокот дека не
упатија ниту еден шут.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×