Фудбалерот на Сити: Да немав ќерка и семејство, веднаш ќе заминев да ја бранам Украина!

by
1 минути читање

Олександр
Зинченко имаше емотивно интервју со Гери Линекер, фудбалерот на Манчестер Сити говореше
за случувањата во неговата родна земја по воената интервенција на Русија во
Украина.

„Постојано
плачам, ќе се качам во автомобил, ќе отидам на тренинг и одеднаш, без некоја посебна
причина, ќе почнам да плачам“
– вели Украинецот.

„Многу работи ми
се вратат низ глава. Го замислувам местото во кое сум роден, во кое сум пораснал.
И таму сега нема ништо“.

„Да бидам искрен,
да немав ќерка и семејство, веднаш ќе се вратев. Таков сум роден. Знам какви се
луѓето од Украина, нивниот менталитет, сите размислуваат вака. Горд сум што сум
Украинец, и ќе бидам до крајот на животот“.

„Гледам како
луѓето се борат за своите животи, знам како тие размислуваат, дека се
подготвени да умрат, и дека ќе умрат… но никогаш нема да се предадат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×