Интер има пад во Серија А, посебен проблем е реализацијата, но денеска им гостува последнопласираната Салернитана па Инзаги смета дека може да дојде до трите бода и да одмори некој фудбалер.
Иван Перишиќ се очекува да не игра, на негово место би требало да настапи Матео Дармијан. Робин Госенс е во комбинација, но тој штотуку се врати од повреда и веројатно ќе добие шанса од клупата.
Ќе одмори и еден од Стефан де Фрај или Милан Шркињар, веројатно изборот ќе падне на Холанѓанецот, а Ранокија ќе добие шанса од првата минута.
Хакан Чалханоглу исто така ќе биде поштеден, на негово место ќе игра Роберто Гаљардини.
Дополнително поради суспензија нема да игра Барела, на неговото место ќе почне Видал. Промени во нападот не се очекуваат, би требало да стартуваат Џеко и Лаутаро.
Интер ќе има тешка задача во Лигата на шампионите, дуелот на Енфлид го доби Ливерпул со 2-0.