Од продажбата на Челси ќе има пари и за руските војници, но никој не знае колку ќе донира Абрамович

by
1 минути читање

Роман Абрамович во
средата соопшти дека го продава Челси, бизнисменот од Русија најави дека
профитот од зделката ќе биде дониран за жртвите од војната во Украина.

Медиумите од Англија
побарале појаснување од луѓе блиски до зделката и добиле објаснување дека фондот
ќе биде наменет за сите жртви, односно и за луѓето од Украина и за луѓето од Русија.

Останува да се
види колку пари од продажбата на Челси ќе завршат во фондот. Нејасно е како ќе
се пресмета профитот од продажбата, ниту од таборот на Челси, ниту портпаролот
на Роман Абрамович не сакале да го коментираат ова.

Според ПА, Роман
Абрамович се надева дека ќе донира околу 2 милијарди фунти. Тој го проценува
Челси на 3-4 милијарди фунти, и веќе добил неколку понуди вредни 3 милијарди фунти,
а се очекува во следниот период да пристигнат уште неколку предлози по што ќе следи
процес на анализа и носење на одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×