Ибрахимовиќ одигра 180 натпревари за ПСЖ и постигна 156 голови за францускиот клуб пред да замине во Манчестер јунајтед.
Во својата нова книга „Адреналин“, Ибра напиша дека во соблекувалната на ПСЖ нема дисциплина и тоа е проблем зошто и покрај толку инвестиции не можат да освојат ништо во Европа.
Леонардо се најде погоден од изјавата на Ибрахимовиќ па одговори.
„Не ни сакам да одговорам. Недисциплина, каде има? Мислам дека секој фудбалер кога ќе си замине од ПСЖ, не престанува да зборува за нас“, вели Леонардо.
„Секој сака да дојде. Златан се обиде неколку пати да се врати, се уште чекам на интервју во кое ќе му се заблагодари на ПСЖ за се што направивме за него. ПСЖ постоел пред него, ќе постои и после него. Но кажете ми, каде е недисциплината?“.