Пред неколку
дена, од таборот на Њукасл изјавија дека Свен Ботман очајно посакува да стане
дел од новиот проект на „Сент Џејмс Парк“. Сепак, денешното издание на Газета
дело Спорт вели дека дефанзивецот на Лил нема намера да се пресели во
Премиерлигата.
И покрај тоа што
на маса имал побогата понуда (се шпекулира со годишна плата од 5-6 милиони
евра), Свен Ботман му дал збор на Милан дека по крајот на сезоната ќе се
пресели на Сам Сиро.
Извештаите велат
дека Холанѓанецот и „росонерите“ имаат вербален договор за петгодишна соработка
и плата од 3,5 милиони евра по сезона.
Сега останува уште
Милан да пронајде договор со Лил за висината на трансферот. Актуелниот шампион
на Франција се надева дека ќе успее да инкасира околу 40 милиони евра од
продажбата на дефанзивецот.