Рускиот милијардер, Роман Абрамович синоќа потврди дека го продава клубот, Челси ќе остане без газдата кој ги создаде најсупешните години од постоењето на клубот.
„Прерано е да зборувам за тоа, но можам само да кажам дека не можам да го замислам Челси без Роман Абрамович“, вели Тухел.
„Па, многу е тешко за мене. Уште не сме свесни дека тој заминува. Тоа е голема промена, се разбира“.
„Не зборувавме за тоа пред мечот со Лутон, не зборувавме за тоа, го прифативме. Фудбалерите имаат интернет, гледаат тв, па секако дека знаат, добиваат пораки. Но бевме фокусирани на спортските работи“.
„Можеби некои фудбалери се позагрижени, некои не, но на крајот успеавме да останеме фокусирани“.
„Ова се големи вести, ќе биде голема промена, но не се плашам од промени, се фокусирам на тоа на кое имам влијание. Не сум човек кој се грижи премногу за работите за кои не можам да влијаам“.