191
Студен туш за Челси стигна уште во втората минута кога Бурке донесе водство за Лутон од 1-0.
Во 27. минута Саул Нигез постигна свој деби гол и го изедначи резултатот на 1-1, но на пет минути пред крајот на првото полувреме Корник го врати водството на Лутон.
Во 68. минута Вернер го изедначи резултатот на 2-2, а десет минути подоцна Лукаку постигна гол за победа на Челси од 3-2.
Вернер имаше одлична партија, покрај голот кој го даде, тој асистираше при погодоците на Саул и Лукаку.