Поранешниот
италијански фудбалер, Фабио Канаваро потврди дека работата од неговите соништа
е да биде тренер на Наполи, односно селектор на Италија, а имал и преговори со
Евертон, Ватфорд, Фиорентина, како и селекцијата на Полска.
„Фудбалот во Кина
можеби е некое ниво подолу од останатите, меѓутоа бев тренер на Гвангжу, клуб
кој освои девет титули во кинеското првенство, како и две титули во Лигата на
шампионите во Азија во последните десет години“ рече Италијанецот осврнувајќи
се на сработеното на кормилото на кинески Гвангжу.
„Не смеам да
погрешам кога ќе дојде моментот да морам да донесам одлука за некој европски
клуб, претходно разговарав со Евертон, Ватфорд, Фиорентина и националниот тим
на Полска, меѓутоа мојот сон е да бидам тренер во Италија“ додаде поранешниот
стопер.
„Наполи е
остварување на сонот за мене, навивам за тој клуб уште од дете, треба да
работам напорно, да соберам доволно искуство, ќе видиме што ќе се случи во
иднина, а што се однесува до селекторската позиција, навистина би сакал Манчини
да остане уште многу години, но доколку постои шанса за мене, не би одбил…“
подвлече Канаваро.