Како Интер и Милан ја пропуштиле шансата да го ангажираат Педри

by
1 минути читање

Според пишувањата
на „Спорт“, се вели дека на Интер и Милан им била укажана шанса да го
ангажираат Педри во 2019 година, меѓутоа обата клуба од Милано не успеале вп
сето тоа.

19 годишниот
фудбалер на Барселона е една од младите ѕвезди во фудбалска Европа во чиј
потенцијал многумина гледаат блескава иднина, а се приклучи на Каталонците пред
две години по трансферот од Лас Палмас вреден 4 милиони евра.

Пред самата
преселба на „Камп Ноу“, Педри им бил понуден на Интер и Милан, а тоа всушност
го сторил италијанскиот директор на Лас Палмас, Роко Маиорино, од една страна
во Милан не биле заинтересирани, а Интер сепак се заинтересирал.

Како и да е, еден
од челниците на Барселона во тој период, Рамон Планес веќе бил во напредни
преговори со Лас Палмас, по што трансферот се реализирал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×