Ниту судијата Пол Тирни, ниту ВАР не сметаа дека тоа е пенал иако беше многу очигледно играњето со рака на Родри и неговата намера да ја удри така топката.
Лампард беше бесен по мечот велејќи дека не може да сфати како не беше досуде пенал, дека и неговата тригодишна ќерка знае дека тоа е чист пенал и ги обивини судиите за некомпететност.
Сега главниот на судиите во Англија, Мајк Рајли лично преку телефон му се извинил на претседателот на Евертон, Бил Кенрајт и на Френк Лампард.
Но извинувањето нема да му помогне ниту на Евертон, а ниту на Ливерпул кој со Манчестер Сити води жестока битка за титулата и доколку тимот на Пеп Гвардиола го освои трофејот за бод или два разлика, тогаш повторно ќе се прави муабет за оваа одлука.