443
Обамејанг го налути Микел Артета откако без прашање замина во Барселона да се тетовира иако следниот ден Арсенал имаше натпревар. По тој момент напаѓачот беше отстранет од тимот, а потоа и отпуштен како слободен играч.
Бразилскиот фудбалер, Габриел вели дека Обамејанг немал проблем со другите фудбалери, туку само со стручниот штаб.
„Обамејанг е во моето срце, сите го сакавме во Арсенал“, вели Габриел.
„Неговото заминување е поради нешто што се случило меѓу него и стручниот штаб, други фудбалери не се инволвирани“.
„Се збогував со него пред да земине, се надевам дека ужива во Барселона, тој е добар човек со големо срце, го сакам многу“.