195
Дембеле влезе во игра во 67. минута и до крајот на мечот даде еден гол и имаше уште две асистенции. По натпреварот доби пофалби од Чави.
Неговата импресивна игра повторно ги активираше шпекулациите за неговата иднина. Актуелниот договор со Барса му истекува на лето.
„Дембеле ја знае нашата понуда, знае дека отсекогаш сме сакале да остане. Се надеваме дека по крајот на сезоната повторно ќе размисли“, вели Лапорта.
„Во фудбалот не можете да отфрлите ништо. Видете, тој можеше да не игра, и сега игра и игра добро. Но неговото продолжување на договорот не зависи од мене“.