174
Франк Кеси ги
одработува последните месеци од договорот со Милан, „росонерите“ му доставија
неколку понуди за продолжување на соработката, но двете страни никако да
пронајдат компромис за висината на платата.
Според пишувањата
на новинарот Џанлука Ди Марцио, Барселона притиска за ангажман на фудбалерот од
средниот ред, „каталонците“ на маса ставиле плата од 6,5 милиони евра по
сезона.
Агентите на Франк
Кеси го известиле раководството на Милан дека имаат подобра понуда, па останува
да се види дали клубот од Сан Сиро ќе направи уште еден обид да го убеди
играчот да остане во Милано.