Тиаго Силва во 2020 година како слободен играч од ПСЖ се пресели во Челси. Иако има 37-години, тој игра во голема форма и постојано собира комплименти од фудбалските критичари.
Еден негов потег во финалето од Лига Купот само потсети колку добар дефанзивец е Тиаго Силва и на оваа возраст. Тој го претрча речиси целиот терен за на крајот од гол линијата да спаси еден шут на Мохамед Салах.
This is actually ridiculous. Look at where 37 year old Thiago Silva starts & how he manages to get back on the line ahead of any other chelsea player. pic.twitter.com/r2RqieXnsS
— Felix(@CFC_Felix_) February 27, 2022
Спортскиот директор на Леонардо во последно време е мета на критики затоа што не знае да направи балансиран тим кој ќе ја освои Лигата на шампионите.
Овој потег на Тиаго Силва само потсетува колку лошо директор е Леонардо. Пред извесно време Бразилецот си ја отвори душата и проговори за неговото заминување од ПСЖ.
„Тие никогаш не ми понудија ништо, брем да ми кажеа: „Тиаго, дали прифаќаш 1 евро да останеш со нас?“, апсолутно ништо, што беше многу вознемирувачки за мене“, рече Тиаго Силва.
„Има и нешто полошо од тоа. Во време на пандемија тие имаат три месеци да испланираат некое испраќање за мене, но ништо не направија“.
„Човеку, јас таму не бев една сезона или неколку месеци, таму бев осум години и бев капитен кој кренал многу трофеи за клубот. Заслужив повеќе почит од тоа“.
Тиаго Силва најголем дел од кариерата помина во ПСЖ, но многу поголема почит доби од Милан и Челси.