Абрамович се повлече од Челси и замина за Белорусија, ќе посредува помеѓу Украина и Русија

by
1 минути читање

Роман Абрамович
изминатиов викенд се повлече од Челси по силниот притисок на британската
јавност, и управувањето на клубот го препушти на доверителите на неговата
добротворна фондација.

Рускиот
милијардер според неофицијални информации веќе е во Белорусија и ќе посредува во
преговорите помеѓу Украина и Русија.

„Можам да
потврдам дека Роман Абрамович беше контактиран од украинската страна и беше побарана
поддршка за постигнување мирно решение, и тој се обидува да помогне. Со
оглед на тоа какви се влоговите, се надевам дека ќе разберете зошто не даваме
коментари за ситуацијата ниту пак за неговата инволвираност. Ви благодарам“

гласеше известувањето од портпаролот на сопственикот на Челси.

Како што
пренесуваат медиумите, еврејската заедница од Украина побарала од Роман
Абрамович да помогне за наоѓање решение за крај на конфликтот.

Роман Абрамович
во 2018, откако не му беше продолжена виазта од властите во Британија, се
повика на своите еврејски корени и доби израелско државјанство и пасош со кои слободно може да патува на „островото“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×